Top
srekjna_zhena

Среќна жена, среќен живот

За да биде успешна една врска потребно е двајцата партнери да бидат среќни. Една англиска народна поговорка која вели вака: “Happy wife, happy life”, односно „Среќна жена, среќен живот“. И се чини дека е многу вистинита. Кога партнерката е среќна во врската или бракот, партнерот автоматски е посреќен, порасположен и позадоволен од себе и својата врска.

Експертката за брачни односи и професорка по психологија Дебора Кар на оваа тема вели: „Сѐ се сведува на фактот на тоа дека кога жената е задоволна од врската и бракот, подготвена е да направи многу повеќе за доброто на својот сопруг и семејството, што има позитивно влијание врз мажот. Мажите не зборуваат многу за своите емоции, па така нивната среќа или несреќа не може многу да влијае врз жената. Од друга страна пак, жената влијае на мажот. Ако таа е несреќна и незадоволна автоматски и мажот станува таков и тука почнуваат проблемите.“

Таа ги советува мажите да имаат разбирање за своите партнерки, да ги слушаат, да сочувствуваат со нив, да покажуваат дека ја сакаат и да се трудат да ја направат задоволна и насмеана, па таа ќе се труди двојно повеќе и резултатот е среќен и успешен брак.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *