Top
Momche-devojka-na-kafe-iLike-mk

Созревањето на еден маж

Кога имав 14 години, се надевав дека еден ден ќе имам девојка со големи ци*ки.

Со 16 години имав девојка, но во неа немаше никаква страст, па заклучив дека ми треба страсна девојка полна со животен жар.

На факултет се забавував со страсна девојка, но, таа беше премногу емотивна. Кај неа сè беше драматично, беше кралица на драмата, цело време плачеше и се закануваше со самоубиство. Тогаш заклучив дека ми треба стабилна личност.

Со 25 години најдов стабилна девојка ама, таа беше досадна. Беше потполно предвидлива и ништо не ја возбудуваше. Животот ми стана досаден па заклучив дека ми треба некоја возбудлива девојка.

На 28 години најдов таква девојка ама не можев да држам чекор со неа. Трчаше од една до друга занимација, никогаш на ништо не се задржуваше. Правеше сосема луди и неочекувани работи па почна повеќе да прави да се чувствувам јадно отколку среќно. На почетокот ми се чинеше забавна и енергична но, таа немаше никаква цел.

И така, решив да најдам девојка која има јасни цели во животот. Кога наполнив 31 година, најдов паметна, амбициозна девојка која цврсто стоеше на земја. Со неа се оженив. Беше толку амбициозна што еден ден ме напушти и ми зема сè што имав.

Сега сум постар и помудар. И барам девојка со големи ци*ки.

Автор: Жарко Соколов




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *