Kога ќе завршите со рабониот ден и ќе дојдете дома, сè што се случувало на Вашето работно место таму треба и да остане. Најпрво треба да се одморите, а не веднаш да почнете да правите ручек или да чистите.
• Еден час пред крајот работниот ден направете листа на работи кои ги завршивте успешно и работи кои не успеавте да ги завршите на време. Завршете ги задачите кои не можат да се одложат, а остатокот оставете го за утре.
• Ако денот Ви бил навистина напорен не одете на кафе со пријателките. Напорниот ден бара одмор во најинтимното место, а тоа е секако Вашиот дом.
• Кога ќе пристигнете дома пред да направите било што, легнете на креветот, барем неколку минути затворете ги очите и дишете длабоко. Не размислувајте за ручек, обврски, вежбање… Овие неколку минути нема да сменат ништо, а ќе ви значат многу.
• На многумина им помага туширање или лежење во када 15-на минути. Тивка музика или добра книга ќе ве спасат од стресот.
• Доколку сте имале многу напорен ден, не гответе. Подобро каснете некое овошје или зеленчук или дозволете си да нарачате храна.
• Опуштете се со шолја чај од камилица и мирис на лаванда. Читајте книга која ќе го подобри вашето расположение.
• Барем половина час дозволете си да отспиете.
• После краткиот одмор играјте си со Вашите домашни миленици или со Вашите деца. Раскажувајте приказни, смејте се. Тоа ќе Ве расположи и ќе Ви ги наполни батериите за наредниот напорен ден.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!