Top
Совети со кои ќе ги надминете срамот и тремата

Совети со кои ќе ги надминете срамот и тремата

Секој човек има извесна доза на трема пред јавен настап, било да се работи за настап пред колеги или бизнис партнери. Денес ви претставуваме четири совети со кои ќе го надминете срамот и ќе се покажете во вистинско светло со сите свои квалитети.

  • Усовршете го говорот
    Не дозволувајте вашите идеи и изјави да звучат како прашање. Бидете отсечни во обраќањето бидејќи ако не сте сигурни, ништо нема да постигнете. За да стекнете искуство за правилен, авторитетен говор, вежбајте дома.
  • Бидете вешти со бројките
    Интровертните личности практикуваат фалење, но ако вашиот претпоставен не го забележува вашиот потенцијал, ќе морате да му се наметнете. Сепак, постои ефикасен начин да ги претставите вашите достигнувања на прифатлив начин. На прашањето дали ќе ја завршите работата на време, одговорете дека ќе биде готова 2 часа порано. Не изјавувајте дека ќе остварите “супер продажба”, туку кажете дека “продажбата ќе биде поголема за 10%”.
  • Обратете му се на шефот за помош
    На суптилен начин побарајте помош и совет од шефот. Така не ќе мора пред сите да разговарате, ќе обрнете внимание на вашите идеи и веднаш ќе добиете повратна информација за тоа што мисли претпоставениот за вашата работа.
  • Инвестирајте во изгледот
    Изглед зборува за вас пред да отворите уста. Затоа инвестирајте во својата гардероба, па таа ќе му предочи на шефот дека мислите за работата. Занемарете ги темните, сиви и земјени бои. Одберете атрактивни парчиња, нежни и весели бои, ставете широк појас или некој интересен накит и часовник.



Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>