Top
sovet

Совет од разведен маж: „Сакајте ја жената каква што е!“

Еден маж кој во голема мера се кае за разводот со својата сопруга вели: „Очигледно е дека јас не сум експерт за врска, но постои нешто во врска со мојот развод кој се финализира оваа недела што ми дава перспектива на работите за кои не би сакал поинаку да постапев. Откако ја изгубив жената што ја сакав и бев во брак со неа речиси 16 години, за мене постојат неколку совети кои сакав некој порано да ми ги кажеше”.

Никогаш не престанувај да се додворуваш
Никогаш немој да престанеш да излегуваш на состаноци. Никогаш не ја земај таа жена здраво за готово. Во моментот кога си ја прашал дали ќе се омажи за тебе, си ветил дека ти ќе бидеш оној маж кој ќе владее со нејзиното срце и истото ќе го чува како свое. Ова е најважното и најсветото богатство кое некогаш ќе ви биде доверено. Од толку мажи во светот, таа те избрала тебе. Никогаш немој тоа да го заборавиш!

Заштитете го своето срце
Исто како што си ветил дека ќе бидеш заштитник на нејзиното срце, мораш да го чуваш и своето со исто внимание и претпазливост. Сакајте се целосно, сакајте ги сите околу себе, но зачувај посебно место во твоето срце каде што не смее да влезе никој освен твојата жена. Чувајте го тоа место секогаш подготвено да ја примите и повикате внатре и не дозволувајте некоја друга да го превземе нејзиниот трон.

Заљубувајте се повторно и повторно и повторно… во неа!
Нормално е дека со тек на време ќе се менувате. Ти не си истата личност кога сте се венчале и за 10 години од сега нема да бидеш истата личност која си денес. Ниту пак таа ќе биде. Промената ќе дојде и во тоа морате повторно да се изберете еден со друг, и така секој ден. Таа не мора да остане со вас, и доколку не се грижите за нејзиното срце, таа може своето срце да му го даде на некој друг или целосно да го затвори, а со тоа нема да го добиете назад. Секогаш борете се да ја добиете нејзината љубов така што ќе изгледа како да се додворувате.

Секогаш гледајте го она најдоброто во неа
Фокусирајте се само на она што го сакате. Она на што ќе се фокусирате, ќе стане посилно. Ако се насочите кон она што ви смета, само ќе гледате причини поради кои личноста или вашата жена ќе ви стане одбивна. Доколку се фокусирате на она што го сакате, ќе бидете зафатени со љубов, немајќи време да размислувате за сопствените и нејзините мани. Фокусирајте се на тоа да повеќе не гледате ништо повеќе освен љубов и ќе знаете дека без сомнение се најсреќниот маж на светот бидејќи ја имате таа жена за своја сопруга.

Сакајте ја онаква каква што е таа
Вашата работа не е да менувате или поправате, вашата работа е да ја сакате онаква каква што е, без очекувања дека некогаш ќе се промени. И доколку се промени, сакајте го она што ќе стане, без разлика дали сте го сакале тоа или не.

Преземете ја целосната одговорност за своите емоции
Должност на вашата жена не е да ве прави среќни или тажни. Вие сте одговорни за пронаоѓање на сопствената среќа и низ вашата радост ќе ја пренесете на вашата врска или љубов.

Бидете блесави
Смејте се. Насмејте ја и неа. Насмевката ги прави работите многу поедноставни

Секојдневно исполнувајте ја нејзината душа
Научете го нејзиниот љубовен јазик и специфични начини со што таа ќе се чувствува важна и убава. Нека наброи 10 нешта поради кои се чувствува сакана и запамтете ги сите работи. Тие нешта нека ви бидат приоритет секој ден.

Бидете присутни
Освен своето време, дајте и го и своето внимание и вашата душа. Направете се што е потребно да си ги расчистите мислите во својата глава, така што кога ќе бидете со неа – да биете целосно со неа, и физички и психички. Однесувајте се кон неа како вашата најдрагоцена личност на светот. Што всушност и е.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>