Top

Сигурен пат до успехот

Секој од нас треба да име високо ниво на самодоверба и да открие како да обезбеди долгорочен успех. Успешните луѓе редовно ги изговараат следните реченици:

„Моето мислење е…“
Со оваа реченица ќе покажете дека сте работник кој се обидува самостојно да размисли за проблемите и да најде решение. Работодавците ги сакаат луѓето со визии и само тие можат да успеат на долг рок.

„Потребна ми е помош“
Не постои човек кој знае сè, но од друга страна пак, сè може да се научи. Не плашете се да побарате помош. На тојначин ќе научите нешто ново и ќе им покажете на своите претпоставени дека сте подготвени да научите од другите и дека знаете како да сослушате, што е предност за тимска работа.

„Направив грешка“
Признавањето на грешка е квалитет, како во професионалниот така и во приватниот живот. Можеби таквото признание нема да направи да се чувствувате виновни, но ќе стекнете почит во очите на вашиот колега, бидејќи ќе покажете дека сте свесни за сè околу вас.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *