Top

Се обидов

Се обидов да ти покажам дека ми значиш, но ти очигледно тоа не го виде. Не го виде затоа што во моите очи го бараше она што го имаше тој.. А што имаше тој?
Тој имаше омраза, скршено срце, очај, болка, завист, а јас немав ништо од тоа. Јас имав само невино срце кое искрено сакаше да те љуби, имав раце кои едвај чекаа да те гушнат, имав усни кои беа нестрпливи да те бакнат, имав очи кои го бараат твојот поглед и твоето лице, имав.. но веќе немам.
Сега го имам она што го имаше тој, скршено срце, очај, болка, тага, но едно ми фалеше.. Ја немав омразата.. Ја немав затоа што не можев да те мразам, можев само безусловно да те сакам. Иако си замина без збор, без причина, без збогум, не можев да те мразам. Ти ми се врежа длабоко во срцето, па стана и дел од мене. И кога замина го зеде тој дел со тебе.
Ме остави со половина срце, со празни раце, со суви усни и со искината душа… Но, и покрај се, во мене остана надеж.. Остана надеж дека можеби пак ќе те видам, пак ќе те бакнам, пак ќе те гушнам.. Да.. Да.. Само надеж остана, ништо друго освен таа да ме топли во овие студени денови. Само таа ми остана верен пријател и постојан сопатник во мојот живот.. Сите други ме оставија во заборавот на минатото, онаму каде што и јас ги оставив. Ниту еден не се јави за да ме праша како сум и дали можам да продолжам понатаму и да те преболам. А и кој би му се јавил на себичниот Јас, кој ја стави неа пред се. Себичниот јас кој своите пријатели ги сметаше за љубоморни луѓе кои не сакаат јас да бидам среќен и заљубен, себичниот јас кој и подари се на себичната ТИ!
Колку ли само згрешив, а сепак во мене нема ни една капка, една трошка каење за тоа што го направив. Тврдоглавоста не ми дозволува понизно да побарам прошка од оние кои ја заслужиле и кои можеби не ни треба да ми простат. Можеби мислам дека ова е само кошмар и дека изутрина повторно ќе се разбудам покрај тебе и се ќе заборавам. Но, овој кошмар никако да заврши, а јас тонам, јас тонам кон дното а никој не ми подава рака… Посакувам само да можам да го вратам времето на денот кога те запознав.. Оној момент кој мислев дека ми е се во животот.. Би го вратил и наместо моето име би ти рекол збогум, токму како што Ти ми направи кога замина..
Но не можам, ја немам таа моќ за да променам се.. А, времето ита и не запира. Ме гази и не ми дозволува премногу да размислува. Не чека ни минута да се соземам.. Ми вели: “Лошите работи секогаш им се случуваат на добрите луѓе..” А зарем јас сум добар? Дали можам да кажам за себеси дека сум добар кога бев себичен, ладен и арогантен према оние кои секогаш беа тука за мене? Се предадов целосно на неа, напуштајќи ги сите оние кои ми помогнаа да го создадам и оформам своето јас, а таа пак.. Ме вивна до небото и ме пушти слободно да паѓам надолу…

И сеуште не ми е јасно зошто ние луѓето секогаш ги сфаќаме работите предоцна. Како некој превез врз очите да имаме и да не гледаме уште веднаш дека би згрешиле или пак не би постапиле правилно…
А ја сакав, навистина ја сакав. Љубовта ми беше сила, а сега слабост.
За да на крај сфатам дека.. Само оние што се обиделе, знаат колку е силна болката!!!

Доколку пишувате проза или поезија и сакате да ја објавите на iLike.mk контактирајте не на contact@ilike.mk | Автор на Се обидов“: Анџело Лазаревски

Facebook FAN page




1 Коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>