Top
najdobra_prijatelka

Само една е пријателка за цел живот

Во животот може да имате многу пријателки, но само една е вистинска и за цел живот. Една е таа пријателка, највредна, најверна на која секогаш може да се потпрете и да се доверите без ни малку страв.

Постојат нешта кои го одвојуваат пријателството кое е за цел живот.

• Секогаш ве поддржува, но кога не сте во право, искрена е со вас. Искреноста е важна во вашето пријателство, зошто не е пријателство само да ве утешува за да не ви е тешко.

• Немате проблем да зборувате за фасцинантни теми. Можеби за некој да се отвори е чувствителна работа, но не и за вас две. Истото важи и за сите други теми.

• “Внимава” на момците со кои излегувате. Вистинскиот пријател ја превзема улогата на родителите и се грижи да не бидете изневерени и повредени.

• Не се осудувате една со друга. Вистинската пријателка нема да ве осуди, таа секогаш ќе се обиде да ве разбере и да ве поддржи.

• Само таа ве видела потиштена, скршена и додека плачете. Пред неа не морате да ги криете солзите. Имате толку многу доверба во неа, не се срамите да плачете пред неа и да си ја олесните душата.

• По подолго одвојување продолжувате каде што сте застанале, како да сте виделе вчера.

• Се случува во исто време да го кажете истото. Вие имате станато толку блиску што се допирате една со друга со мислите, или дури размислувате исто.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *