Top
rizik

Ризици кои вреди да ги преземете

Секојдневно во животот ризикуваме сѐ, а најчесто и не сме свесни за тоа. Во секој момент од животот постои шанса дека нема да стигнете каде што сте тргнале или дека утре нема да се разбудите. Сѐ се врти околу ризиците, но целта е да знаете кои да ги избегнете, а кои да ги прифатите.

Тргнете по помалку познат пат
Ако секогаш одите на исти места или патувате по истиот пат, животот ќе ви биде здодевен. Тргнете онаку каде што вообичаено не одите и подгответе се за нови и интересни доживувања.

Ризик од одбивање
Ви се допаѓа момчето на ноќниот бар? Тогаш, зошто чекате? Пријдете му, запознајте се! Најлошото што може да ви се случи е да бидете одбиени, односно да не ви се случи нешто со него. Во никој случај не смеете да бидете егоисти и да се плашите од одбивање, бидејќи така секојдневно пропуштате шанси да ви се случи нешто неверојатно.

Ризикувајте да не ја добиете работата
Сте завршиле додипломски, пост-дипломски и курс за некој странски јазик. Следен чекор е да ја најдете работата од соништата, но тоа не оди тоа баш така. Бидете подготвени да одите на многу разговори, интервјуа, да бидете одбиени и разочарани, па дури потоа може да ги остварите своите соништа. Важно е да не се откажете на почетокот, бидејќи така сигурно нема да го добиете тоа што го сакате.

Ризикувајте да пропуштите нешто
Се плашите дека ако се вработите ќе станете досадни во друштвото, дека нема да имате ниту сила, ниту време за излегување и дека само ќе сонувате за луди авантури и непреспиени ноќи. Веројатно тоа е точно, но мора да жртвувате нешто за да добиете нешто повеќе. Ако претходно сте се забавувале, сега е време за работа, а потоа ќе може да уживате во она што сте го заработиле.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>