Иако се случува мајките да ви бидат здодевни поради нивните реченици и фрази кои ги повторуваат по сто пати, сепак се личности кои секогаш ќе ве сакаат и ќе го мислат најдоброто за вас. Меѓу најчесто употребуваните реченици кои секој од нас го вадат од кожа се:
-
„Мамо, излегувам!“ – Врати се порано и памет во глава.
-
Не јади чоколадо сега, нема да можеш да ручаш.
-
Раскрени си ја масата, не си во хотел!
-
(влегува во соба): Што е ова? Да не паднала атомска бомба?
-
„Мамо, има нешто за десерт?“ – Земи јаболко!
-
(Се накашлуваш) Ти реков да не излегуваш со мокра коса после бањање.
-
Не сум ти јас на тебе слугинка.
-
Досадно ти е? Фати се за книга, учи!
-
Не ме интересира кој прв почнал.
-
Се расправа половина час и потоа вели: Навистина немам коментар.
-
Зошто? Зошто јас кажав така!
-
Не ги отворај тие колачи, можеби ќе дојдат гости.
-
Кој кого роди? Јас тебе или ти мене?
-
Гледај ме во очи кога ти зборувам.
-
Кога роднините ти даваат пари за роденден: Дај, јас ќе ти ги чувам.
-
Додека живееш под мојот покрив, ќе биде како што јас ќе кажам.
-
Немој со мене така да зборуваш, не сум ти јас другарка.
-
Па ти никогаш немаш за учење. Какво е тоа училиште?
-
Слушај ме, за твое добро зборувам.
-
Ја прашуваш дали ѝ е потребна помош, ти вели „не“, а потоа се жали како сѐ мора да направи сама.
-
„Мамо…“ (уште не си ја прашал ништо): Не може!
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!