Top
rabotno-biro

Разубавете го своето работно биро

За волја на вистината, работнотo биро е место каде поминувате најголем дел од денот. За да Ви биде работата поинтересна и да избегнете секое утро да седите на своето биро, без волја за работниот ден кој е пред вас, еве мали работи кои ќе ве расположат.

• На масата треба да имате бонсаи дрвце или некое друго цвеќе. Тоа е прекрасна декорација и секој ден ќе ве потсетува дека постои живот и надвор од канцеларија.

• Залепете си налепници со интересни и хумористични пораки кои веднаш ќе стават насмевка на вашето лице. Ако не смеете да држите такви работи на масата, поставете ги под тастатурата, па кога ќе почувствувате дека не можете понатаму, само погледнете надолу.

• Ако имате календар, нека биде шарен и весел за да ве натера да се радувате секој пат кога ќе погледнете во него.

• Канцелариските материјали кои ви се потребни нека бидат во вашите омилени бои. Верувајте никој нема да ви забележи ако имате тефтери со цвеќиња.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>