Top

Продолжувам….

Ако некои животи создаваат совршен круг, другите се оформуваат на начин кој не можеме да го предвидиме и разбереме. Загубата е дел од животното патување, но ни покажува што е скапоцено како љубовта.
Зошто вака почнувам? Зошто вака продолжувам?
Седната во мојата соба, во просторот во кој се чуствувам пријанто, исполнето, среќно, заљубено…..Тонот и сликата од телевизорот го одвлекува моето внимание, но сепак јас сум јас…. Емотивна, заљубена и замислена…. прашувајќи се колку е чуден животот заедно со луѓето во него.

Знам една девојка…
За неа ќе зборувам….
Поминала доста тешки моменти во животот…
Губи личност што и значи, но продолжува…
Губи личност што ја сака и е заљубена во неа, но продолжува…
Губи личност за која се би направила, но продолжува…
Сама со своите мисли , без него ,продолжува…
Тешко е, но тоа е…

Утра исполнети со солзи, сонови реални, но сепак неостварени. Првата љубов не се заборава… таа опстојува и трае. Не верував во тоа никогаш, но и јас никогаш не ја заборавив. Во сонови го гледа, во сонови го бакнува, го прегрнува, но не е вистински тие се сонови за кои сонува повторно да бидат реалност како некогаш. Го сакаше премногу, и значеше премногу и свесна дека неможе без него, но собира сила да се соочи со тоа на кое не може да поверува, продолжува…. Се знае не може да направиш да бидеш сакан се што можеш да направиш е да бидеш некој кој може да биде сакан… Девојката заљубена на сто начини останува во љубов… После толку време се се менува… се се ипревртува. Се е старо-ново, ново-старо, старото продолжува… Таа девојка е повторно среќна. Повторно е со него. Повторно се заедно, продолжуваат…. Неочекувано, но овојпат вистинито, реално….соновите се исполнија. И сите тие погледи, бакнежи, прегратки од соништата станаа вистинити. Тој и го промени животот со само еден поглед, со еден збор. Неверојатно среќна, продолжува…..


Доколку пишувате проза или поезија и сакате да ја објавите на iLike.mk контактирајте не на contact@ilike.mk | Автор на Продолжувам….“: Гвендолина Розевко Протуѓерова

Facebook FAN page




1 Коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>