Top

Што значи правилото 50-30-20?

Пеперутките во стомакот и насмевката која никако не можете да ја симнете од лице се знак за убав почеток нa врска, но за да потрае ваквото чувство подолго време треба да внимавате на повеќе ситници. Иако можеби ви е преку глава од правила за добра врска, сепак не е на одмет да проверите што велат експертите за правилото 50-30-20.

Психологот Венди Атербери вели дека правилото 50-30-20 е формула која ќе обезбеди здрав и успешен однос во кој сите ќе бидат задоволни. 50% од времето посветете го на својот партнер, 30% за пријателите и семејството и 20% за себе.

Фазата „меден месец“
Времето кое го поминувате со вашиот партнер е непроценливо. За да потрае оваа фаза наречена „меден месец“ важно е да не се изгубите себеси. Притоа, не велиме дека не смеете да ги покажувате своите чувства и да не уживате во секој заеднички момент, но сепак задржете некоја тајна и за себе, поминувајте време со своите пријатели и не се одрекувајте од нештата кои ги сакате само поради партнерот.

Заборавете ги СМС-ите
Првите знаци на несогласувања не значат дека вашата врска нема да успее. Расправиите се дел од секој здрав човечки однос, но праќањето СМС не е пожелна форма на комуникација. „Доколку се наоѓате во ситуација да се расправате, направете го тоа преку телефонски повик или во четири очи. Ако тоа ви претставува проблем, тогаш значи дека сте во врска со погрешна личност или дека дека воопшто не сте подготвени за врска“ вели Венди.

Согласете се за компромис
Компромисот е составен дел на секоја добра врска, но секогаш треба да останете свои и да не попуштате често. Доколку се согласувате со сè што вашиот партнер сака, создавате лоша основа за идните караници.

Не ги споредувајте поранешниот и сегашниот партнер
Не зборувајте за други момци или девојки додека не сте сигурни во својата врска. Не можете веднаш да правите споредби помеѓу поранешниот и сегашниот партнер, бидејќи тие се сосема различни единки.

Појаснете ги своите граници
Преку искрен разговор ставете му ги до знаење на својот партнер нештата кои ви се непријатни. Отворено разговарајте и за нештата кои ги сакате или кои не ги сакате во кревет, и дали ви смета јавно искажување нежности.

Не ја величајте врската
Во ред е да се биде вљубен. Но можеби двајцата не гледате исто на вашата врска. Доколку партнерот не покажува исти чувства, не можете да го натерате на тоа. Со посесеивно однесување можете да го одбиете од себе. Времето ќе покаже дали е потребно да останете заедно или дошло време да барате нешто поразлично.

Продолжете да бидете среќни и независни
Ова е прв услов за успешна врска. Вие мора да бидете среќни, независни, задоволни и заљубени. Ако сте се изгубиле себеси, сте ја изгубиле основата за добра врска. Немојте да мислите дека вашиот партнер е единствен извор за вашата среќа. Во никој случај не ги заборавајте пријателите и семејството. Тие постоеа и пред вашата врска.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>