Top
vospituvanje

Правила во воспитувањето деца

Секој родител сака да има убаво воспитано дете. Постојат неколку универзални правила ќе ви помогнат полесно да ги постигнете поставените воспитни цели. Големо е влијанието на принципите кои родителите ги применуваат во воспитувањето на децата. Како што децата меѓусебно се разликуваат и се менуваат со растењето, неопходно е да се менуваат и правилата на воспитување. Пристапот и мерката која се користат во воспитувањето на децата не се исти кај сите родители. Меѓутоа, стручњаците се согласуваат дека некои правила се општи и со нивна примена родителите можат да остварат добар однос со своите малечки, и кај децата да го поттикнат убавото однесување.

Бидете смирени
Научете го детето убаво да се однесува на тој начин што ќе зборувате јасно и со еднаков тон. Д-р Кејтлин Крејнли Галагер од Универзитетот на Северна Каролина вели дека децата помали од шест години сè уште учат како правилно да ве разберат и го сфаќаат правилното значење на вашите зборови, и затоа трудете се да бидете јасни. Дури и кога ви се чини дека не можете да се воздржите, секогаш избројте до десет и смирете се. Не е решение да се оградите од фрустрациите, со што би испратиле двосмислена порака. Децата со текот на времето престануваат да реагираат на повисок тон и викаат, па поефикасно е ако говорите јасно и смирено.

Поставете ограничувања
Ако цврсто се придржувате за поставените правила и одредите казна доколку се прекршат, на детето ќе му испратите порака дека не може секогаш да добие сè што ќе посака, но и дека ќе сноси одговорност за своите постапки. Важно е тоа да го правите со мерка и во склад со возраста на детето. На пример, врзувањето со сигурносен појас, без обѕир колку ќе трае возењето, единствено е од правилата кое не смее да се прекрши. Од друга страна тешко ќе биде да се очекува од четиригодишно дете да научи да се извини доколку ве прекине кога вие зборувате. Можните казни, во случај на кршење на правилата би требало да се спроведат веднаш, важно е да е во склад со прекршокот (ако фрла играчки, забранете му да си игра на кратко), и би требало да се применуваат без исклучоци.

Поттикнете соработка
Добро поставените правила, убавата атмосфера и соработка можат да спречат лошо однесување. За да го придобиете вниманието на децата, секогаш понудете им опција. Кога се глупираат, прашајте ги дали ќе престанат за две или три минути. Опциите понудете им ги и во други прилики, кога бираат облека која ќе ја носат, овошје кое ќе го јадат за ужина и слично. На тој начин децата ќе имаат чувство дека нивното мислење е важно и на тој начин повеќе ќе соработуваат со вас. Не заборавајте да ги наградите вашите малечки секој пат кога убаво ќе се однесуваат. Покажете им дека ви е мило кога ќе ги соберат своите играчки или кога ќе зборуваат тивко додека вашето помало дете спие. Трудете се да постигнете убаво однесување ипружете им на децата љубов и внимание.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>