Top
zivot

Прашања за кои не постои точен одговор

Одговорите на некои прашања навистина не може да се класифицраат како точни или погрешни. Понекогаш одговорот е во тоа да ги поставуваме вистинските прашања. Многу од нив ќе ве потсетат на вистинските животни вредности, ќе ве натераат да размислите и да се запрашате за истите.

  • Штом животот е толку краток, зошто правиме толку многу нешта што не ги сакаме, и сакаме толку многу работи кои не ги правиме?
  • Штом учиме од грешките, зошто толку ни е страв да не згрешиме?
  • Зошто работите кои те прават среќен, не ги прават сите луѓе среќни?
  • Ако не знаеш колку години имаш, колку би си дал?
  • Што е полошо – да паднеш, или никогаш да не пробаш?
  • Кога сè е кажано и направено, дали си кажал повеќе отколку што си направил?
  • Што е она што најмногу би сакал да го промениш во светот?
  • Ако среќата беше национална валута, каква работа ќе те направи богат?
  • Го правиш она во што веруваш, или се помируваш со она што го правиш?
  • Ако просечната должина на човечкиот живот беше 40 години, како поинаку би живеел?
  • До кој степен всушност ја дефинираш насоката која го презеде твојот живот?
  • Што те загрижува повеќе: дали ги правиш нештата правилно или дали ги правиш вистинските нешта?
  • Го притискаш копчето на лифтот повеќе од еднаш? Дали навистина мислиш дека така лифтот ќе дојде побрзо?
  • Ако можеш да дадеш еден совет на новороденче, каков ќе биде тој?
  • Би го прекршил ли законот, за да спасиш сакан човек?
  • Си бил ли со некого со кого не сте си кажале ништо, но на разделба сте чувствувате како да сте го имале најубавиот разговор?
  • Дали некогаш си направил нешто лудо, што подоцна си го признал за креативност?
  • Што е она по што знаеш дека си различен од повеќето луѓе?
  • Што е она што не си го направил, а секогаш си го сакал? Што те спречува да го направиш тоа?
  • Зафатен ли си со нешто, од кое што треба да се ослободиш?
  • Ако треба да живееш во друга земја, каде би отишол и зошто?
  • Кој сакаш да бидеш – измачен гениј или весел будала?
  • Што те прави она што си?
  • Дали си бил таков пријател, каков што самиот ти сакаш да имаш?
  • Што е полошо – кога добар пријател ќе се пресели подалеку или кога ќе изгубиш врска со добар пријател кој живее во близина?
  • За што си најмногу благодарен?
  • Би сакал ли да ги изгубиш сите свои стари спомени, или никогаш повеќе да не можеш да креираш нови?
  • Дали е можно да ја знаеш вистината, ако прво не ја ставил под прашање?
  • Што е твојот најголем страв?
  • Се сеќаваш ли оној пат пред 5 години, кога беше толку вознемирен? Има ли значење тоа сега?
  • Ако сега заработите еден милион, ќе ја напуштите ли работата?
  • Кој е твојот најскап спомен од детството? Што го прави толку посебен?
  • Кога во блиското минато си се почувствувал најмногу инспириран и жив?
  • Ако знаеш дека сите луѓе кои ги познаваш, ќе умрат утре, кои ќе ги посетиш денес?
  • Ако не сега, тогаш кога?
  • Ако сè уште не си го постигнал, што има да изгубиш?
  • Зошто религиите кои ја поддржуваат љубовта, доведуваат до толку многу војни?
  • Дали е можно, без да се сомневаш, да кажеш што е добро и зло?
  • Преферирате ли да имате помалку работа да направите, или да имате повеќе работа која навистина сакате да ја правите?
  • Дали си се чувствувал како да живееш ист ден по стоти пат?
  • Кога последен пат си чекорел во целосна темнина, осветлен само од мекиот сјај на идеа, во која силно веруваш?
  • Би го скратил ли животот за 10 години, за да станеш исклучително привлечен или познат?
  • Која е разликата помеѓу тоа да си жив и тоа навистина да живееш?
  • Одлуките се донесуваат во моментов. Прашањето е: Ги превземаш ли во своите раце, или оставаш другите да одлучуваат наместо тебе?
  • Кога е време да престанеш да ги пресметуваш ризиците и придобивките, и едноставно да тргнеш напред да го направиш она што сметаш за правилно?
  • Што би правел поинаку, ако знаеш дека никој нема да те тужи?
  • Кога за последен пат обрна внимание на бучавата од сопственото дишење?
  • Што сакаш?
  • По пет години ќе се сеќаваш ли што направи вчера? А минатиот ден? А тој пред него?
  • На ручек си со три лица, на кои им се восхитуваш и ги почитуваш. Сите тие почнуваат да хулат на адреса на твој пријател, без да знаат дека со него сте многу блиски. Критиката им е неправедна и одбивна. Како ќе реагираш?



Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *