Top
Ljubov-kako-od-filmovite-iLike-mk

Љубовна приказна како од филм: Повторно заедно после цели 70 години

Дека љубовта не познава граници докажаа и двајца Италијанци во поодминати години. Имено, Антонија и Џовани се вљубиле како тинејџери, но за жал, ги разделила Втората светска војна. Сепак, како што понекогаш се случува, вистинската љубов на крајот го наоѓа својот пат.

Цели 70 години подоцна, двајцата вљубени, кои денес длабоко чекорат во деветтата деценија од своите животи, повторно ги спои интернетот.

Во минатиот век, Џовани морал да замине на воениот фронт и поради тоа ја напуштил неговата сакана. Потоа бил заробен, а кога конечно се нашол на слобода не можел никако да ја најде Антонија. Мислејќи дека Џовани е загинат, таа се омажила со друг човек со кого има две деца. Џовани по некое време, исто така, основал свое семејство.

Но, Антонија Готифреди (89) и Џовани Молинари (86) успеале да се пронајдат благодарение на социјалната мрежа „Фејсбук“. Двајцата вдовци посегнале по модерната техноогија за да најдат сродни души, незаборавајќи ја непреболената љубов од младоста.

Антонија вели дека Џовани останал романтичен исто како во младоста.
Таа вели:

Mи подари многу рози и ме покани во ресторан.

Двојката конечно го кажаа судбоносното „да“ на свадба која изминатиов викенд се случи во Белано, Северна Италија.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>