Top
crveni-rozi

Поучна приказна: “Не постои ништо поважно од семејството!”

Еден човек сакал да нарача и да ѝ испрати цвеќиња на неговата мајка која живеела во друг град. Така, одејќи кон цвеќарницата забележал една мала девојка која седела тажна. Тој ја прашал што се случува, а таа му одговорила: „Сакав да купам црвена роза за мојата мајка, но имам само 20 денари, а розата чини 100“. На тоа човекот се насмевнал и ѝ одговорил: „Дојди со мене, јас ќе ти купам роза“. Откако го направил тоа, тој нарачал да ѝ се испратат цвеќиња на неговата мајка во другиот град, а потоа се понудил да ја одведе девојката дома. Таа прифатила и му го покажала патот, кој водел директно до гробиштата, каде што таа ја положила розата на гробот на нејзината мајка. Гледајќи го ова, мажот се вратил во цвеќарницата, ја откажал нарачката, купил цвеќиња и тргнал во другиот град, во куќата на неговата мајка.

Поука: Животот е краток. Поминувајте што е можно повеќе време со луѓето кои ги сакате и оние кои ве сакаат. Уживајте во секој момент поминат со нив, пред да биде премногу доцна. Не постои ништо поважно од семејството!




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>