Еден познат неврохирург вели дека рутината со која го започнувате денот е долготраен и честопати тежок процес, но на крајот од денот доаѓаат наградите: намален стрес, креативност и продуктивност.
Медитација
Започнете го денот рано наутро со 10 минутна медитација. Тоа е момент на „самонега“, најважниот чекор во денот и затоа треба да биде првото нешто што ќе го направите кога ќе станете од спиење. Докажано е дека медитацијата го намалува ризикот од стрес, ја развива креативноста, го подобрува сонот. Затоа, на почетокот на денот, посветете си 10 минути само на себе.
Список на обврски
Креирајте си свој, персонализиран „документ“ за секој ден во наредниот месец и запишете по една задача дневно. Кога во текот на денот ќе искрсне нешто итно, поместете го денот на таа обврска. По медитацијата, проверете го документот за тековниот ден, прегледајте ги задачите и почнете со решавање од наједноставните. Пронајдете свој начин за систематизација, воведете го во мобилниот, нотесот или компјутерот. На овој начин нема да доцните со роковите и ќе го намалите стресот во текот на денот.
Планирање
Овој чекор се надоврзува на другите два. Доколку го започнете денот без план, тоа е како да тргнете на пат, а не знаете каде одите и немате крајна дестинација. Можеби ќе стигнете некаде, но ќе бидете уморни и нервозни. И многу веројатно дека на целта ќе стигнете последни.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!