Top
Podgotvete_ja_kozhata_pred_letuvanje_iLike_mk

Подгответе ја кожата пред заминување на летување!

Многу луѓе под подготовка за одмор на својата кожа би помислиле дека е потребна посета на солариум за да добијат подлога од потемен тен. Но, тоа воопшто не е точно.

Според најновите истражувања, влијанието на солариумот воопшто не е благотворно. Напротив, непотребно се изложувате на силно УВ зрачење.

Солариумот воопшто не се препорачува за луѓето кои имаат светол тен, како и за лицата кои имаат бемки по телото.

Кожата треба да ја третирате со пилинг и чистење, отстранувајки го мртвиот епител, стимулирајки ја микроциркулацијата која ќе ја регенерира кожата.

На ваков начин таа ќе се ослободи од нечистотиите кои ја спречуваат нејзината нормална функција, ќе се врати еластичноста и нормалната размена на кислород со што Вашата кожа ќе биде подготвена за умерено изложување на сонце.

Воедно, со ваква подготовка, ќе добиете убаво и рамномерно исончана кожа, без флеки.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *