Top

Плачот на ветерот

Ноќ е… а, тишината на ноќта ја исполнува плачот на ветерот и му се придружив да не плаче сам, да не биде осамен како и јас.
Осаменоста во тежината на црната ноќ е застрашувачка, а ми треба само една звездичка да го осветли моето кристално лице, но таа останува да светка на небото, затскриена зад темните и тешки облаци. Сè е тешко, тажно и застрашувачко…
И животот стана таков.
Се прашувате зошто?
И јас се прашував, но открив дека тоа е заради злите јазици на луѓето, заради нивните тешки зборови, погледи, тешки насмевки,… заради заминувањето на ѕвездите кои не водеа кон патот на светлината и виножитото.
А, јас исто како и вие барам само еден искрен поглед, искрена насмевка, искрен збор. Но нема, сè исчезна како со магично стапче. Замина далеку од мене и ме остави да плачам со ветерот. А, ние заедно ја пееме тажната музика на изгубените пријатели.
Плачи ветру, и однеси го мојот плач во прегратките на едно заборавено име…


Доколку пишувате проза или поезија и сакате да ја објавите на iLike.mk контактирајте не на contact@ilike.mk | Автор на Плачот на ветерот“: Катица Шкариќ

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *