Top
take_away_coffee

Освежете ги умот и телото

Физичката активност е многу важен дел во остварувањето на секојдневната здрава рутина.

• Во утринските часови
Наместо да продолжите да спиете по будилникот, започнете го денот со 20 минути вежбање. Потоа влезете под туш и ќе почувствувате дека веќе сте направиле нешто значајно за себе.

Направете пауза за ручек
Прошетајте до местото каде што можете да купите здрав оброк и вратете се по истиот пат во канцеларијата. Така ќе потрошите малку калории пред оброкот, а на работното место ќе се вратите освежени и со повеќе енергија.

Работа во домот
Домашните работни обврски не се многу забавни, но со музика ќе ги завршите побрзо, а сепак ќе уживате.

Станете од троседот
Додека гледате телевизија, обидете се да вежбате за време на рекламниот блок, дури и ако тоа вклучува стомачни или брзо одење низ куќата.

Изберете прошетка наместо кафуле
Наместо да се сретнете со пријателите во кафуле за да ги споделувате најновите вести за вашиот живот, организирајте прошетка низ паркот со кафе “за носење”.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *