Top
Maz-koj-niz-statistiki-bara-razvod-iLike-mk

Очаен маж кој низ детални статистики бара развод од својата жена

Многупати сме биле сведоци на интересни и несекојдневни начини на запросување на девојката од страна на момчето. Но, во последно време, вистински хит станаа креативните пристапи при поднесувањето развод и одделување на партнерите еден од друг.

Токму таков е и примерот со овој маж кој низ издржани статистики бара развод од својата жена.

Писмото оди вака:

Драга жено,

Изминатите години се трудев околу тебе точно 365 дена, при што успеав само 36 пати.

Моите неуспешни денови изразени во бројки изгледаат вака:
– 17 пати ти беше ладно,
– 10 пати ти беше жешко,
– 25 пати децата беа сеуште будни,
– 20 пати беше уморна,
– 83 пати не можеше поради „технички“ причини,
– 5 пати беше премногу рано,
– 25 пати беше отворен прозорецот и некој би можел да слушне,
– 9 пати те болеше грбот,
– 10 пати беше премногу пијана,
– 20 пати не беше расположена,
– 17 пати плачеше детето,
– 10 пати рече дека мораш да посетиш гинеколог,
– 18 пати имаше фризура па не смеевме да ја растуриме,
– 15 пати беше премногу доцна, и
– 20 пати на работа ти го кренале притисокот.

Во останатите 36 случаи кога имав успех, 34 пати немаше задоволство поради:
– 4 пати премногу крцкаше креветот,
– 5 пати ме предупредуваше да бидам особено внимателен со тебе,
– 8 пати пред самиот крај ме запраша дали ја заклучив вратата,
– 1 пат престанав со активноста бидејќи плачеше и мислев дека неподносливо те боли,
– 8 пати баш од креветот констатира дека треба да се бојадиса таванот, и
– 8 пати престанав со активност бидејќи заспа.

После деталната анализа од примероците од нашата неактивност и следењето на твоите изговори, се сомневам дека во следната година задоволството ќе биде постигнато. Искористеноста на нашите капацитети е помала 10% што според мислењето на експертите е недоволно, доколку се земе во предвид дека „машината“ која не се подмачкува и не се користи, брзо пропаѓа.

Јас имам големи интерес во зачувување на мојата „машина“ и не сакам брзо да пропадне, па затоа одлучив да пронајдам алтернативни решенија. И најдов две:
1. Да преминам кон рачна обработка, или
2. Да го променам партнерот т.е. тебе!

Со ова писмо те известувам дека ја избрав алтернативата под број 2 како поповолна, подинамична и помодерна. Ако те праша некој каде сум, можеш да кажеш дека сум отишол до супермаркет.

Со почит,
Твојот поранешен сопруг




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *