Top

Нова есенска приказна

Уште една есенска мелодија. Уште едно мрачно неделно попладне. Врне, повторно врне. Дождот и таа, оваа есен имаат многу заеднички работи. И тој и таа не го менуваат ритмот на лизгањето на капките по прозорците и образите. И тој и таа го бараат сонцето, и на двајцата им студи од нивната сопствена зима.
На уличните раскрсници е речиси многу повеќе збунувачко од секогаш. Ниту еден патоказ не води кон вистинското место. Мириса на студенило, мириса на истите страници од истите книги. Во чекорите повеќе не се чувствува леснотија од свежината на воздухот после тешките топли летни ветрови.
И огнот на последните сили во слабоста на телото изгасна од дождовите. Штета, штета за љубовта во бледото срце, штета за наклонетоста, штета… Од стравот не можеше да живее, не можеше да дише, не повеќе. Од злото не можеше да стои, немаше каде да се задржи, не повеќе. Од лагите не можеше да гледа, немаше белина, очите се затворија. Заспа. Замина.
Можеби не замина, можеби избега. Можеби не требаше да бега. Можеби требаше да стане, но овој пат беше премногу тешка за да се додржи на последната надеж од верувањето. Можеби требаше да му погледне во очи на животот прашувајќи го: “Зошто?“.
Можеби… но, таа си отиде, со куфери чијашто тежина беше склопена во последната шанса за нови дождови.


Доколку пишувате проза или поезија и сакате да ја објавите на iLike.mk контактирајте не на contact@ilike.mk | Автор на Нова есенска приказна“: Симона Николоска

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>