Top
Trcanje

Никогаш не е доцна за здрав живот

Никогаш не е доцна да почнете да стекнувате здрави навики и да живеете здрав живот. A зошто да не почнете уште денес?

• Наутро на празен желудник испијте чаша вода со лажиче маслиново масло и неколку капки сок од лимон. Водата е основа на животот, маслиновото масло е подмачкувач на цревата, а лимуновиот сок му дава енергија на организмот.
• Исфрлете го телевизорот од спалната соба. Во овој дел од домот мора да владее мир, единствено така наутро ќе се чувствувате полни со сила.
• Избегнувајте пијалаци и храна со шеќер. Шеќерот придонесува за зголемување на тежината а таа со себе си носи низа болести, срцеви проблеми и сл.
• На секој половина час станете од столот. На организмот му е потребно движење. Долг престој во статична поза не предизвикува само умор туку и силна душевна раздразливост.
• Мерете го притисокот. За него не случајно се вели дека е тивок убиец. • Секогаш имајте на ум колкав притисок имате и што треба да превземете.
• Секој ден мислете на нешто позитивно и добро. Потребно е и секојдневно да се пофалите себе си за нешто што сте постигнале, макар да е во прашање и нешто безначајно. Тоа го подобрува субјективното чувство и расположението.
• Не се плашете од неуспех. Могумина сакаат да променат нешто во својот живот, но само поради страв не се осудуваат на тоа. Колку повеќе можете намалете го стравот. Патот до успехот е тешок, но крајот е сладок.
• Пешачете колку повеќе можете. Одењето ја зголемува издржливоста на организмот, а особено на кардиоваскуларниот систем.
• Три пати неделно вежбајте барем по половина час. Не само телото и умот ќе има голема придобивка од физичката активност.
• Јадете сезонско овошје и зеленчук секојдневно.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>