Top
Uchenik-i-profesor-shetaat-iLike-mk

Животна лекција: „Никогаш не се потсмевај на туѓата несреќа!“

Еден млад ученик имал можност да прошета и поразговара со својот професор. Шетајќи низ паркот забележале пар стари чевли кои изгледале како да припаѓаат на сиромашниот и вреден селанец кој работел во близина. Ученикот му предложил на професорот:
Ајде малку да се пошегуваме со селанецот. Ќе му ги скриеме чевлите, а потоа ќе застанеме зад грмушките и ќе ги гледаме неговите реакции додека ги бара.“.

Професорот на таа идеја одговорил:
Младо момче, немој никогаш да се шегуваш на туѓа сметка, особено не на туѓата несреќа. Бидејќи си богат, можеш да си дозволиш поголемо задоволство и повеќе нешта од овој сиромашен човек. Ајде вака, стави по една златна паричка во неговите чевли, а потоа ќе се скриеме и ќе ги гледаме неговите реакции!“.

Ученикот токму тоа го направил. Селанецот завршил со својата работа и се приближил до местото каде биле оставени неговото палто и чевлите. Кога се обидел да го облече едниот чевел почувствувал дека има нешто внатре. Прво помислил дека е камче, но кога подобро погледнал, видел златна паричка.
Збунет, погледнал околу себе, но не видел никого. Ја ставил паричката во џеб, а неговото изненадување било двојно поголемо кога нашол уште една паричка во другиот чевел. Наеднаш го совладале емоции. Се фрлил на колена, ја подигнал главата кон небото и гласно почнал да се моли во знак на благодарност. Во молитвата ја спомнал својата болна и беспомошна сопруга и своите деца кои биле гладни за леб, а благодарение на дарежливата невидлива рака која му ги оставила парите, тие ќе бидат спасени.

Ученикот бил совладан од емоциите и заплакал. А, професорот го прашал:
Дали ќе беше посреќен ако наместо ова, ние се пошегувавме со човекот?“.

Ученикот одговорил:
Научив лекција која никогаш нема да ја заборавам. Сега навистина ги разбирам овие зборови кои претходно не можев да ги разберам – Поблагословен е оној кој дава отколку оној што зема!“.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>