Top
dama

Нешта кои треба да ги знае секоја вистинска жена

Да се биде жена не е воопшто лесно, но сепак прекрасно.

Што би требало да знае секоја една жена за да остави впечаток на вистинска дама со стил и карактер?

Како да се насмевнуваш?
Има насмевки заводливи, насмевки за емпатија, насмевки од култура. Треба да ги распознаваш и да ги практикуваш во соодветна ситуација. Инаку, нема да бидеш сфатена сериозно.

Како да се движиш како дама?
Исправен грб и вовлечен стомак, тоа е златното правило. Мали чекори и без забележливо движење на рацете. Ако не си сигурна на високи потпетици, подобро не ги облекувај отколку да се нишаш додека одиш.

Како да се облекуваш правилно?
Секоја прилика бара соодветна гардероба. Не може на работа да се појавиш во фустан кој ги има сите бои или пак на свадба да отидеш во класична бела кошула и црни панталони.

Како да се нашминкаш?
Размачкан кармин, темна нијанса на пудра, светкави светки за преку ден не се дозволени. Приликата ја диктира шминката и треба да знаеш како да ја употребиш шминката за да се разубавиш, а да не изгледаш смешно.

Како да победиш во расправија?
И тоа без да повишиш тон! Само употребувај силни аргументи кога знаеш дека си во право.

Како да промениш гума на автомобил?
Можеби ќе се најдеш сама на отворен пат. Затоа, од голема важност е да знаеш да промениш гума или да го знаеш бројот на шлеп-службата.

Како да направиш ручек?
Не мора да е ручек со милион состојки. Доволно е да е вкусен, бидејќи не можеш секој ден да се храниш со брза храна и купечки салати.

Како да избегнеш казна за брзо возење?
Обвини ги хормоните или предменструалниот синдром, кажи дека брзаш за на гинеколог, пушти по некоја солза.

Како да кажеш „не“?
Не мора да го прифатиш тоа што не го сакаш, без разлика дали станува збор за работна обврска која ти ја доделиле поради мрзеливата колешка или нешто ново во сексот. Кажи „не“ и стави точка.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *