Top
svekrva-snaa

Нешта кои свекрвата не смее да ги каже на својата снаа

Односот свекрва и снаа во голем број случаи е премногу сложен, а дополнително може да го комплицираат некои нечувствителни коментари изговорени од свекрвата.

„Син ми изгледа слабо и воопшто не изгледа здраво, го храниш ли воопшто?“
Свекрвите забораваат дека нивните синови веќе се возразни луѓе кои би требало да знаат и самите да се најадат.

„Јас тоа никогаш не би му го дозволила на моето дете!“
Одгледувањето на внуците знае да биде предмет на расправа. Добро е да се слушне и нечие друго мислење, но сепак, детето си има родители кои треба да го имаат главниот збор. Таа веќе го израснала своето.

„Не водиш многу грижа за себе…“
На сите им се има случено да имаат лоша фризура, темни кругови околу очите или пак некој вишок килограм. Нема потреба секојдневно да се нагласуваат недостатоците.

„Мојот син сака…“
Кафе со една лажица шеќер, пита со праз, кошулите да му се наредени по боја… Сето тоа е во ред, но во новиот заеднички живот има засакано и многу други работи, за кои можеби таа и не е запознаена.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>