Top
nevesta

Нешта кои ќе ја разлутат секоја невеста

Да се биде невеста е прекрасна улога, но организацијата на венчавката носи многу стресови, замор, прашања… Одредени ситуации ја лутат секоја невеста.

Кога мама не може да престане да коментира за секоја ситница. Без оглед дали станува збор за цвеќето кое треба да го изберете, песните кои треба да ги свири бендот, распоредот на гости, кои гости треба да бидат поканети… Оваа листа едноставно нема крај!

Кога мажената другака „мудрува“ за секоја ситница и зборува што би било најдобро, бидејќи таа подобро знае од вас со оглед на тоа што веќе го организирала своето венчавање и има искуство. Идната невеста не сака нејзината венчавка да наликува како онаа на нејзината пријателка, туку да биде посебно и единствено. Секој совет е добредојден, но наметнувањето на сопственото мислење на невестата е забрането.

Кога вереникот нема никакво мислење за ништо што се однесува на самата венчавка. Нему му се допаѓа се што и се допаѓа на неговата идна сопруга, во потполност верува во нејзиниот избор и буквално и остава „одврзани“ раце во органзација на венчавката. Но, така само и отежнува. Повеќето жени сакаат нивниот иден сопруг да учествува во организацијата на заедничката венчавка.

Кога идната свекрва постојано го фали својот дизајнерски фустан кој ќе го носи на вашата венчавка. Најважниот фустан на свадбата најнормално е оној на невестата и нему треба да му се посвети најголемо внимание. Секако, секој може да го изрази задоволството за својот фустан, но тоа да не изгледа како да сака да ја засени невестата на нејзиниот најважен ден.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>