Top

Нешта кои ги уништуваат шансите за кариера

Воопшто не е лесно да се изгради добра и успешна кариера. Но, доколку навистина го сакате тоа, започнете да работите на тоа и избегнувајте да правите грешки.

Кои се најчестите грешки кои многумина од нас ги правиме несвесно, а кои на долг рок можат да ги уништат шансите за кариера?

Чекањето работата да падне од небо
За да најдете добра работа, мора да се потрудите сами. Всушност, барањето на работа треба да го сфатите како сериозна одговорност и да ја работите со цело работно време. Остварувајте контакти, распрашувајте се, аплицирајте на огласи, посетувајте саеми за вработување.

Не се облекувате соодветно
Неуредна и неиспеглана облека се забранети за на работа. Не смеете да си дозволите да прошетате на работа со проѕирна кошула или мрсна коса доколку сакате да делувате сериозно.

Не земате одмор
По успехот не се стигнува ако работите деноноќно без паузи. Така само ќе станете помалку продуктивни, нервозно, распнати на сите страни. Затоа одвреме-навреме наполнете ги батериите.

Не барате подобра работа
Ако имате потенцијал, а тоа не го ценат во фирмата во која моментално се наоѓате време е да промените нешто. Секој треба да бара подобра позиција од моменталната доколку го заслужува тоа. Не треба да имате грижа на совест кон компанијата ако си дадете отказ за да работите работа која ќе ви биде повеќе платена или поинтересна.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *