Top
Cute-girl-money-iLike-mk

Неколку трикови со кои ќе ги промените лошите финансиски навики

Според истражувањата, дури една третина од добитниците на лотарија банкротираат во рок од 5 години. Нема премногу смисла да штедите доколку не знаете зошто тоа го правите. Затоа размислете што точно сакате од парите и ослободете се од лошите финансиски навики.

Така секогаш ќе го имате она што ви е потребно. Воспоставувањето цел, како што е основање семејство или купување стан, можат да ве инсприраат да станете финансиски одговорни и внимателни кога се парите во прашање.

Еве неколку начини како да ги промените лошите навики поврзани со финансиите и со тоа што побрзо да ги остварите вашите замислени цели:

1. Чистење. Прво што треба да направите е да го организирате местото на кое ги чувате сметките. Секогаш чувајте ги одделно платените од неплатените сметки.

2. Експертите препорачуваат да најдете „финансиска совест“, поточно некој ваш близок роднина или партнерот, кој секогаш ќе биде тука да ве разубеди кога ќе паднете во искушение да купите нешто непотребно.

3. Поставете граница. Кога се трошоците во прашање потребно е и да воспоставите граница колку сте подготвени да потрошите за нешто. На пример, доколку си ветите дека нема да купувате маица поскапа од 1000 денари, тогаш строго придржувајте се до тоа, и така нема да трошите премногу.

4. Кеш. Купувајки со картички, луѓето не гледаат колку трошат, па затоа бирајте плаќање со готовина и можете да заштедите и до 20 проценти годишно, тврдат финансиските експерти.

5. Плаќање преку интернет. Овој начин на плаќање е добар бидејки се намалува провизијата.

6. Запишувајте. Експертите советуваа да ги запишувате сите торшоци. После месец дена анализирајте на што сте потрошиле премногу и како можете да ги намалите трошоците.

7. Заработка од хоби. Претворете го вашето хоби во извор на приходи, така ќе уживате додека работите, а и ќе бидете мотивирани.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *