Top
Tired African American woman sleeping in bed at home

Неколку совети за подобар сон

Многумина имаат проблем со заспивањето, но доколку ги следите овие неколку совети, може да ја подобрите таквата состојба.

Не пијте алкохол пред спиење
Можеби полесно ќе заспиете од алкохолот, нема убаво да спиете во текот на ноќта и ќе се будите многу почесто, а можеби нема да бидете свесни за тоа.

Спијте со чорапи
Ако стапалата и дланките ви се топли, побрзо ќе заспиете. Забрзајте го процесот на заспивање така што ќе облечете чорапи пред да легнете во кревет.

Спијте во постудена просторија
Не е добро да спиете во премногу ладна или премногу топла просторија. Идеалната температура за спиење е од 15 до 20 степени.

Избегнувајте го попладневното кафе
Кафето останува во организмот многу подолго отколку што мислите, односно како што велат експертите не треба да пиете кафе после 16 часот.

Редовно вежбајте
Оние кои редовно вежбаат, спијат подобро. Вежбањето не мора да ви одземе многу време, туку само неколку минути дневна физичка активност ќе ви направат голема разлика. Но, сепак не треба да вежбате премногу доцна, затоа што можете да постигнете спротивен ефект.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *