Top
Nekolku-soveti-za-osloboduvanje-od-stresot-iLike-mk

Неколку совети за ослободување од стресот

Понекогаш секој од нас има лош ден. Таквиот ден предизвикува стрес на организмот и лошо расположение. Еве неколку совети со кои ќе излезете на крај со таквиот напорен и лош ден.

ПИШУВАЈТЕ ДНЕВНИК
Ако не сакате, не мора да го запишувате секој ден во дневникот. Можете да пишувате само кога имате лош ден. Доколку го запишете секој детаљ од тој ден, подоцна кога ќе го препрочитувате, обидете се да извлечете нешто позитивно од секоја ситуација.

ТОПОЛ ТУШ
После непријатниот ден, сигурно единственото нешто што сакате е да си легнете. Топлото релаксирачко туширање или када наполнета со топла вода може да Ви помогнат во справување со стресот, а и побрзо ќе заспиете откако телото ќе се опушти.

РАЗГОВАРАЈТЕ И ИГРАЈТЕ СИ
Споделете ги вашите проблеми со некој кој знаете дека ќе ве сослуша и ќе се обиде да Ви помогне. Исто така, играњето со деца е прекрасен начин за смирување по напорниот ден.

ДОЗВОЛЕТЕ СИ ИНТИМНИ МОМЕНТИ
Ако сте во врска, сигурно знаете дека најдобриот начин за ослободување од стресот е водењето љубов. Дури и еден бакнеж на партнерот ќе Ви помогне да се чувствувате подобро.

ЧИТАЈТЕ КНИГА
Добра книга, особено некоја што ќе Ве насмее, е одличен начин на оттргнување на мислите од тековните проблеми и ослободување од стресот.

ЗГОТВЕТЕ СИ НЕШТО ВКУСНО
Храната секогаш помага, особено во ситуација кога не сте расположени. Згответе го тоа што најмногу сакате да го јадете и заборавете на стресот.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>