Top
Happy kids playing in nature with flying dragon

Негувајте го детето во себе

Кога бевме деца, мечтаевме да пораснеме што побргу, верувајќи дека тогаш животот е поинтересен. Но, тогаш кога од топлото и безгрижно детство зачекоривме во светот на возрасните, сфативме колку ни било убаво додека сме биле мали.

Децата се мали личности кои ги гледаат убавините во оние работи во кои ние возрасните и речиси сме ги заборавиле. Детската насмевка носи искреност, нежност и невиност. Затоа, прифатете го детето во себе, цврсто прегрнете го и дозволете му да ве води секаде. Бидете сигурни дека никогаш нема да ве предаде. Негувајте го детето во вас како најнежно цвеќе. Сакајте го со сето свое срце. Чувајте го како капка вода на дланка. Прифатете ги неговите желби и мисли и тогаш ќе се случи чудото.

Децата секогаш се искрени и отворени. Тие не се оптеретуваат со баналности. Радувајте се на малите работи, зашто во нив лежи вистинската среќа. Нема да бидете несериозни личности ако си дозволите себеси понекогаш малку да „полудите“. Правете го она што ве опушта и ве прави среќни. Не дозволувајте тоа што сте возрасни да ве спречи да уживате во вистинските радости.

Ако некогаш ви се скока – скокајте. Ако ви се игра – играјте, танцувајте! Чувајте го детето во душата и заиграјте со него, со чисто срце и искрена насмевка.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>