Top
Momche-voz-iLike-mk

Приказна од животот: „Не судете на прв поглед!“

Едно мало момче гледајќи низ прозорот од возот во кој се возелo, наеднаш извикалo: „Тато, гледаааај, дрвото се враќа наназад!“.

Таткото радосно се насмеал гледајќи го своето синче. Спроти нив седел млад брачен пар кој го гледал момчето со доза на тага и сожалување.

Наеднаш момчето повторно викнало: „Тато, погледниии, облаците летаат со нас!“.

Брачниот пар не можел да издржи и тргнал да го посоветува таткото. Се погледнале меѓусебно и девојката добронамерно рекла: „Господине, зошто не го однесете вашиот син на некој добар доктор? Некој сигурно ќе може да му помогне.“.

Тогаш таткото се насмеал и ѝ одговорил: „Токму тоа го направив. Ние баш сега се враќаме од болница. Мојот син е слеп од раѓање. Но, со помош на операција му се врати видот. Дури денес тој првпат во животот може да гледа. Сега може да ги види и дрвјата и облаците кои летаат. Сега може да види сè!“.

Девојката се повлекла со насолзени очи, но овојпат од радост за позитивната приказна која таткото ја споделил со неа.

Секоја личност има своја единствена животна приказна. Затоа, не им судете на луѓето пред навистина да ги запознаете, бидејќи вистината може многу да ве изненади!




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>