Среќата не доаѓа преку богатството или преку убавиот изглед. Среќата доаѓа одвнатре. Ако сакате да бидете среќни, најпрво треба да работите на себе.
Оставете ги негативните чувства настрана
Простувањето и заборавањето е многу важно за вашата среќа. Ослободувањето од негативните чувства ви овозможува повеќе простор за позитивни емоции. Докажано е дека со љубезноста ќе бидете посреќни, бидејќи кога сте љубезни со другите, вашиот мозок произведува добри хормони како што е серотонинот, па така ќе можете да изградите силни односи со другите.
Проблемите нека ви бидат предизвик
Секогаш кога ќе ви се појави некој проблем, на него гледајте како на предизвик или како нова можност да го промените вашиот живот на подобро. Зборот „проблем“ нека не постои во вашиот живот.
Бидете благодарни на она што го имате
Луѓето кои се благодарни на она што го имаат се поспособни да се справат со стресот, имаат повеќе позитивни емоции, и поспособни се да стигнат до своите цели. Најдобар начин да ја поттикнете енергијата на благодарност е да направите листа на работи за кои сте благодарни и да ја пополнувате секој ден.
Не лутете се за мали работи
Среќните луѓе знаат како дневните иритации и неважни работи да ги остават зад нив и да мислат на позитивни нешта, па така можете и вие.
Зборувајте добро за другите
Со лошите зборови за другите вие не правите ништо освен што се полните себеси со негативни емоции. Наместо тоа, можете да почнете да делите добри зборови, и така ќе имате повеќе позитивни размислувања за животот.
Избегнувајте ги изговорите
Најлесно е да се обвинуваат другите за неуспесите во вашиот живот, но правејќи го тоа, нема да ги надминете. Среќните луѓе ја преземаат одговорноста за своите грешки, а потоа го користат неуспехот како можност да ги променат работите на подобро.
Живејте во сегашноста
Избегнувајте да си ги повторувате настаните од минатото во вашите мисли, како и да се плашите од иднината. Фокусирајте се на она што се случува во вашиот живот во
Будете се во исто време секое утро
Будењето во исто време ќе ви помогне да го регулирате вашиот би0ритам, па така ќе имате повеќе енергија во текот на денот.
Не се споредувајте со другите
Вашиот живот е уникатен, па затоа немојте да го мерите со животот на оние околу вас. Мерете го успехот врз основа на вашиот напредок, а не на напредокот на другите.
Бидете опкружени со позитивни луѓе
Фразата „мизеријата сака друштво“ е сосема точна. Изберете пријатели кои се оптимисти и така ќе бидете опкружени со позитивна енергија.
Сфатете дека не ви треба одобрување од другите
Без оглед на она што го мислат другите, многу е важно да ги следите вашите соништа и желби. Среќните луѓе остануваат верни на своето срце и не размислуваат многу дали имаат одобрение од другите или не.
Слушајте
Слушањето ви помага да ја впиете мудроста на другите, а во исто време ви помата и да го смирите вашиот ум.
Социјализирајте се
Позитивните општествени односи се клучот за среќата, па не заборавајте да одвоите време за вашите пријатели и најблиски.
Медитирајте
Медитацијата ви помага да останете смирени и да го пронајдете вашиот внатрешен мир. Многу истражувања покажале дека медитирањето може да доведе до промени кои ќе ве направат посреќни.
Хранете се добро
Она што го јадете, директно влијае на вашето расположение. Како што здравата храна може да ви предизвика среќна состојба, така и брзата или нездравата храна може да направи да се чувствувате лошо.
Вежбајте
Вежбањето може да ги поттикне добрите хормони како серотонинот, допаминот и адреналинот, а тоа може да ве ослободи од стресот. Исто така може да ја подобри и вашата здравствена состојба.
Бидете уредни
Нередот е чест извор на стрес, фрустрација, вознемиреност, расеаност. Затоа расчистете го вашиот дом од непотребни работи, кои не само што заземаат простор во вашиот дом, туку заземаат и во вашиот ум.
Бидете искрени
Секогаш кога кажувате некоја лага, нивото на стрес ви се зголемува. Од друга страна, кажувајќи ја вистината, ќе го подобри вашето ментално здравје и ќе ви овозможи да ја стекнете довербата кај другите.
Воспоставете лична контрола
Избегнувајте да им допуштате на другите да го диктираат начинот на кој живеете. Наместо тоа, воспоставете лична контрола, која ќе ви овозможи исполнување на вашите цели и соништа, како и чувство на лична вредност.
Прифатете го она што не може да се промени
Едноставно, не може сѐ во животот да ви биде совршено, и тоа е сосема во ред. Среќните луѓе се научени да ги прифаќаат неправдите и неуспесите во својот живот кои не можат да ги променат.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!