Top
Kako_najlesno_do_srekja_iLike_mk

Најлесен пат до среќа

Дали се сеќавате кога последен пат сте биле вистински среќни? Најголем број на луѓе не можат да одговорат на ова прашање.

Затоа стручните лица предлагаат ефикасни начини за среќа:

ПРЕГРАТКИ
Докажано е дека прегрнувањето на драгата личност ќе Ве направи посреќни. Допирот има силно дејство на организмот, па дури може и да ублажи некои болки како мигрена, ПМС и болки во грбот.

ЧИТАЈТЕ
Истражувањата покажуваат дека личностите кои многу читаат се посреќни во животот, подобро се ситуирани, добри се како љубовници и имаат стабилни емотивни врски во однос на оние кои не сакаат да читаат. Читањето ги проширува видиците, дава увид на различни аспекти на човечката природа и луѓето кои читаат се попаметни, пообразовани, посреќни и поуспешни. Докажано е дека личностите кои сакаат да читаат донесува помудри одлуки научени од искуствата на книжевните ликови.

СЕКОЈ МОМЕНТ Е ВАШ
Не мислете на минатото бидејќи не можете да го промените. Не мислете на иднината. Животот треба да се живее сега, во овој момент. Стручните лица заклучиле дека луѓето кои уживаат во секој момент се посамоуверени, задоволни од животот и посреќни.

ЈАДЕТЕ БАНАНИ И СЛИВИ

Потврдено е дека тешката храна може да предизвика незадоволство и тежина. Стручните лица советуваат да јадете овошје богато со витамини и минерали кои поттикнуваат лачење на хормонот на среќа. Тука спаѓаат, на пример, бананите и сливите. Се препорчуваат минимум 4 банани неделно.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *