Top
pojadok

Најголемите грешки во појадокот

Сите знаеме дека појадокот е најважниот оброк во денот, кој треба да ни даде доволно сила за целиот ден. Токму затоа, треба да избегнувате неколку опции за најважниот оброк.

Бели пецива
Убедливо најлесната варијанта наутро кога немаме време да појадуваме дома е да си купиме нешто од пекара. Меѓутоа, со пецивата не му правиме услуга на нашето тело. Внесуваме премногу адитиви, сол, масти и шеќер, а тоа ја нема хранливата вредност што ни е неопходна.

Овошни сокови и овошни јогурти
Без разлика што пишува на пакувањето, купечките сокови се полни со шеќер и не треба да го започнуваме денот со нив. Истото важи и за овошните јогурти. Можеби тие се добро освежување наутро, но вооптшто не се здраво решение. Наместо сокови и овошен јогурт како утринско освежување, јадете свежо овошје.

Калоричен појадок
Големи количини на нездрави маснотии ќе завршат во форма на масно ткиво, а нашиот организам нема да ги добие сите витамини, минерали и влакна што се потребни.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>