Top
Најдоброто време за вежбање

Најдоброто време за вежбање

Најдоброто време за вежбање најмногу зависи од тоа што сакате да постигнете, односно која е вашата цел. Доколку ве чека напорен ден најдобро е да вежбате наутро, доколку сакате да ослабнете вежбајте пред појадокот, а доколку сакате да дефинирате мускули вежбајте после вечерата.

  • Телото различно реагира во различен дел од денот
    Не постои лошо време за вежбање, но човечкиот организам различно реагира на физичка активност зависно од тоа за кој дел од денот станува збор.
  • Вежбајте пред важен состанок
    30-тина минути тренинг со умерен интензитет ја намалува реакцијата на организмот на стресни ситуации, како на пример важен состанок. Тоа е така бидејќи со вежбање се зголемува нивото на хормонот на среќа, допамин.
  • Вежбајте навечер ако имате проблем со несоница
    Верувањето дека вечерниот тренинг ќе ве расони е сосем погрешно. Токму спротивно, половина час јога или пилатес го подготвува телото за сон и го подобрува квалитетот на истиот.
  • Вежбајте пред појадокот ако сакате да ослабете
    Доколку сакате да ослабете, вежбајте пред појадокот. Тогаш се трошат најмногу калории и маснотии, па утринските вежби би биле поефективни од вечерните.
  • Вежбајте навечер за дефинирање на мускулите
    Поради порастот на телесната температура во текот на денот, а оксидацијата на клетките во телото е најголема навечер. Тоа значи дека влијанието врз мускулите во тој дел од денот е најголемо, а самиот тренинг се чини многу полесен.



Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>