Top
Trudnica_iLike_mk

Најчести знаци преку кои ќе спознаете дека сте во блажена состојба

Прерано е да направите тест за бременост, но ве измачува прашањето дали сте бремени? Телото ќе ви одговори на тоа прашање, треба само внимателно да го сослушате.

Но, како да знаете да ги прочитате знаците на вашето тело без погрешно да ги протолкувате?

Ова се најчестите знаци за рана бременост:

Лесно заморување е најчестиот показател на рана бременост. Ако постои можност да сте бремени не претерувајте со кофеинот и обидете се да бидете што повеќе одморени.

Доколку на секое отварање на фрижидерот ви се лоши тоа е еден од симптомите. Одбивност кон некои видови на храна која претходно ви била омилена е еден од знаците на рана бременост.

Ако сте осетливи на разни мириси може да значи дека сте бремени. Мириси кои ви биле непријатни како на пример миризбата на цигари или пријатни како на пример парфемот на партнерот би ви пречеле бидејќи сте премногу осетливи.

Гадењето и повраќање се едни од најсигурните укажувачи на рана бременост. Тоа се случува поради зголемувањето на нивото на хормони. Бремените жени треба да знаат дека ваквата состојба се јавува во првото тромесечје и најчесто престанува по деветнаесет недели од бременоста. Еден начин да се намали утринската мачнина е да не се остава желудникот празен. Се препорачуваат помали оброци во почести интервали.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>