Top
Mache_i_kuche_alergii_iLike_mk

Совети со кои ќе ги надминете алергиите кон домашните миленици

Со чување на домашно милениче, добрите работи секогаш ги потиснуваат лошите. Но доколку сте алергични на нив, постои начин како да чувате милениче.

Сите мачки и кучиња можат да предизвикаат реакција кај луѓе кои имаат алергија. Поголема е веројатноста мачките да предизвикаат алергиска реакција иако постојат случаи кога луѓе се повеќе алергични на кучиња. Спротивно од верувањата на луѓето, сепак не постои одреден вид на кучиња или мачки кои не би предизвикале алергија, дури и видовите кои немаат влакна ги предизвикуваат истите симптоми. Крзното кое постојано се менува кај кучињата може да биде во помал процент причинител на реакција, а можеби тоа се случува поради тоа што кучињата почесто се бањаат и крзното е понегувано.

Што треба да направите?

Ако во вашиот дом на некој од членовите на семејството му е дијагностицирана алергија на домашни животни, внимателно размислете дали можете да живеете со симптомите пред да доведете ново милениче во домот. Одредете место во домот каде миленичето нема да има пристап. Бањајте го вашиот миленик еднаш неделно, со што ќе се намали нивото на опасноста за алергиска реакција. Користете шампон кој е наменет за вашиот миленик, доколку имате мачка таа може да се навикне на често бањање, но користете соодветен шампон.

Откријте го точниот извор на предизвикувањето на алергијата, не обвинувајте го веднаш вашето милениче. Повеќе особи кои имаат алергија на животни се чувствителни на поголем број алергенси.

Обидете се со третмани против алергија. Третманите најчесто содржат имунотерапија, антихистамински спрејови за нос или таблети. Доколку се пронајде вистинската терапија и доколку во домот добро се одржува хигиената, постои голема веројатност за лицето со алергија да може без проблеми да живее со домашното милениче.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>