Top
Monica_Bellucci_iLike_mk_F

Моника Белучи: „Една жена може да сака на тој начин како никогаш да нема да ве напушти. Но, може да дојде таков ден кога ќе замине толку лесно како никогаш да не ве сакала!“

За Моника Белучи (52) ќе кажат дека е италијанска божица на убавината, жена која со својот природен сензибилитет никого не остава рамнодушен, мајка на две прекрасни деца. Таа зборува три јазици и секојдневно вежба јога.

Издвоивме неколку мудри цитати од оваа фантастична жена како доказ дека надворешната убавина со себе може и да носи богата внатрешност.

Monica_Bellucci_iLike_mk_002

Своето прво дете го родив на 40 години, второто на 45, снимав со Бонд на 50 години и никогаш не би сакала повторно да имам 20 години. Во младоста имате “beauté du diable” (ѓаволска убавина), како што велат Французите, убавина која не ја сфаќате, која не сте ја спознале. Но, кога ќе имате 50 години, во вас се раѓа убавина од друг вид, убавина која ви дава сила. Таа сила не е врзана за надворешната убавина!

Убавината на жената станува проблем само во два случаи: кога ја нема, и кога не постои ништо друго освен неа.

Нам ништо не ни припаѓа: ниту нашите мажи, ниту децата. Ние само можеме да ги споделиме чувствата и емоциите со луѓето што ги сакаме.

Една жена може да сака на тој начин како никогаш да нема да ве напушти. Но, може да дојде таков ден кога ќе замине толку лесно како никогаш да не ве сакала.

За мене, стареењето значи – да станеш подобар!

Луѓето може да го простат трудот на човекот, дури и талентот, но убавината и успехот – никогаш.

Што ќе правам кога ќе остарам, и кога мојата слика во огледалото повеќе нема да ме радува? Истото што го правеше и мојата мајка. Нема да се гледам себеси во огледалото – ќе гледам во своите деца.

Јас секогаш им кажувам на младите девојки: „Научете се да го сакате вашето тело!“
Бидејќи совршенството не постои, и сосема е очигледно дека жената со облини не е помалку убава од слабата девојка. Едноставно, треба да научите да се прифатите такви какви што сте!

На сите нам ни се потребни илузии. И токму поради тоа ги сакаме филмовите.

За ништо на светот не би сакала повторно да имам 20 години. Сега сум многу посреќна отколку тогаш, бидејќи во тоа растење ние се запознаваме себеси, се обидуваме да разбереме што сакаме да бидеме и патиме од несигурност. Сега точно знам што ми е потребно, а без што можам да живеам.

Да бидете убави на 20 години, тоа е природно. Кога сте убави на 35 или 40 години, тоа е резултат на работењето на себе и внатрешната среќа.

По мое мислење глупаво е, со оглед на младоста и убавината, да станете спонзоруша на некого со длабок џеб и бескрајно да го трошите животот по журки. Убавината ни е потребна како помош да ја пронајдеме хармонијата, љубовта, и смислата во овој хаотичен свет.

Не треба да ги мразите луѓето кои ви завидуваат, тие на тој начин признаваат дека сте подобри.

Убавината станува експресивна и поинтересна кога е покриена со облека.

Женственост – тоа е хармонија, природност и сензуалност.

Не ги разбирам жените кои велат дека ги понижува машката желба. Мислам дека тие, едноставно, не се во хармонија со себе.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>