Top
Tatko-i-kjerkichka-iLike-mk

Мојот татко ми го подари најубавиот подарок во животот

Мојот татко ми го подари најубавиот подарок, кој јас денес го подарувам на другите, а тоа е довербата.

Во животот на девојките, татковците играат голема и клучна улога која се одразува врз нивниот натамошен живот. Односно кога веќе девојчето треба да порасне и да се судри директно со целиот тој свет надвор од заштитничките прегратки на својот татко.

Татко ми навистина ме научи на најважните животни лекции и овие принципи треба да ги знаат сите девојки.

Тој ме научи дека сум навистина посебна. Со денови ми раскажуваше дека секој човек носи нешто посебно и специјално во себе и дека со текот на годините успева да го искористи во добри цели.

Ми говореше дека е најважно да сум среќна и тоа ми помогна во потрагата по мојата друга половина.

Татко ми ме научи дека го заслужувам најдоброто од животот. На најразлични начини тој се трудеше да ме научи колку е важно да се има самодоверба и никогаш да не се откажувам од моите соништа.

Ако сакате вашата ќерка да биде среќна, тогаш дајте ѝ до знаење дека не е важно што другите мислат за неа!

Ме научи како покрај сите падови во животот да останам доволно силна и да се изборам со сите тешкотии.

Колку и да сакаме, нашиот татко нема да остане покрај нас во секој миг од нашиот живот и тој тоа го знае, токму затоа својата ќерка ја учи на издржливост.

Никогаш немојте да бидете престроги кон вашата ќерка, туку научете ја како таа самата да се контролира во одредени ситуации.

Самодисциплината е клучна алка во животот на девојките, а таа лекција им ја овозможуваат токму татковците.

Николас Спаркс вели: „Да се биде родител е најтешката животна работа која некогаш ќе ја правите, но таа ве учи што е безусловна љубов”. Токму тоа е она на што мојот татко ме научи.

Обврската на таткото е да ѝ покаже на својата ќерка што е љубов.

На тој начин девојката го развива својот внатрешен свет и таа знае што е потребно за безусловна љубов и како да ја пронајде истата во понатамошниот живот.

Затоа сите татковци: Не заборавајте да им го подарите целото свое време и внимание на своите ќеркички!




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>