Top
Методи за зголемување на самоконтролата

Методи за зголемување на самоконтролата

Што е она што ве тера да не можете да се потпрете на вашата самоконтрола?

Самоконтролата е вештина со која располага секој човек, но на различно ниво. Самоконтролата е напор кој го правиме за да спречиме или избегнеме некаква непријатна ситуација. Ќе наведеме неколку начини за тоа како да станете здрава личност која нема проблеми со бесот и има високо ниво на самоконтрола. Самоконтролата е клуч на емоционалното здравје.

МЕДИТИРАЈТЕ
Медитацијата го тренира вашиот мозок за да стане самоконтролирачка машина. Има различен вид на медитации, од наједноставни до најкомплицирани техники, и истите одземаат само неколку минути од вашето слободно време.
Медитацијата ви помага за правилно вдишување и издишување, со што се врши зајакнување на способноста на мозокот да ги издржи неконтролирачките импулси.

ЈАДЕТЕ
Имате ли проблем со контролата при јадење? Вашиот мозок ја троши глукозата во ќелиите кога се обидува да одржува самоконтрола. Ако шеќерот во крвта е на ниско ниво, ќе имате проблеми со самоконтролата.

БЕЖБАЈТЕ
Физичката активност ви помага да го ослободите духот и да му овозможите на вашиот мозок да ги држи во контрола вашите импулси.

СПИЈТЕ
Како што објаснавме на почетокот, вашиот мозок не е способен да ги контролира импулсите без глукоза. Без доволен сон го намалувате нивото на глукоза во крвта, а тоа резултира со губење на самоконтролата.

ПИШУВАЈТЕ
Најдобар и најефективен начин за да ги решите вашите проблеми со самоконтролата и со бесот, е сè што чувствувате да запишите. Пишувањето ќе овозможи да ги пронајдете вашите пропусти и да започнете со решавање на проблемите. Со тек на време ќе забележите извесен напредок.

ИЗЛЕЗЕТЕ НА ПРОШЕТКА
Секако дека овој начин е еден од оние кои најмногу помагаат. Чист и свеж воздух во комбинација со добро друштво и пријатен разговор се одличен метод за опуштање и зголемување на нивото на самоконтрола.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *