Top
Sovetote-na-edna-majka-iLike-mk

Пред да почине, мајката напишала прекрасна животна лекција за своите деца

Загубата на некоја драга личност е најтешкиот момент во животот, но, за жал, неизбежен. Веројатно, сè што можеме да сториме е да ги зачуваме најубавите и највредните нешта од таа личност.

Една 44-годишна мајка на 4 дечиња која починала од рак, во најтешките моменти на болка и страдање успеала да собере сила и да напише неколку пораки кои ќе им ги остави како најголемо богатство на своите деца:

– Сè што правиме во животот се враќа, без исклучок.

– Сите ние ја создаваме својата среќа и не смееме да дозволиме тоа да го прават другите наместо нас.

– Сè што се случило во минатото нема моќ над нас, освен ако тоа не го дозволиме ние.

– Кога луѓето ќе ви покажат какви се навистина, верувајте му на тој впечаток.

– Грижата само нѝ ја одзема енергијата. Искористете ја за да ја канализирате во нешто корисно.

– Она во што веруваме е посилно од она што го сакаме. Секогаш ќе го постигнеме она во кое веруваме.

– Бидете благодарни за она што го имате во животот.

– Среќата која ја чувствуваме е правопропорционална на љубовта која ја даваме.

– Ако сте наишле на неуспех, тоа нека ви биде мотив за да не се откажете. Тргнете во друг правец.

– Верувајте ѝ на интуицијата. Таа ретко изневерува.

– Сакајте се себе и учете од животот. Таа љубов поделете ја и со другите.

– Во сè што правите нека ве води страста.

– Љубовта не боли, колку повеќе ја има толку чувството е подобро.

– Секој нов ден е прилика за нов почеток.

– Сомнежот е сигнал за „не“. Ако се сомневате, бидете внимателни и добро размислете.

– И лошите моменти во животот се составен дел од него. Не заборавајте, тие не траат вечно, бидете трпеливи.

– Кога ви е најтешко, мислете на тоа дека ќе помине. Ништо лошо не трае вечно.

– Бидете си верни сами на себе.

– Кога не знаете како понатаму, чекајте трпеливо.

– Во животот на некои прашања не пронаоѓаме одговор.

– Решението доаѓа тогаш кога најмалку се надеваме и кога најмалку очекуваме.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *