Top

Зошто имаме лоши соништа?

Никој од нас не би сакал да се разбуди од длабок сон, а особено не сака да сонува лоши соништа. Лошите соништа, или уште полошо кошмарите, не се само досадни и вознемирувачки, туку може да го нарушат убавото сонување, па понекогаш и животот. Иако се почести кај децата, сепак кошмарите и лошите соништа се случуваат во текот на целиот живот на луѓето. Но, тука се поставува прашањето што ги предизвикува овие соништа и дали постои начин да се спречат.

1. Вознемиреност и стрес
Немирот и стресот најчесто се резултат на трауматско животно случување, па затоа понекогаш може да бидат и причина за кошмари и лоши соништа. Според Меѓународната асоцијација за проучување на соништата (IASD – International Association for the Study of Dreams), хируршка интервенција или болест, тагата предизвикана од загуба на некој близок и страдањата може да предизвикаат лоши соништа и ноќни мори. Пост-трауматското стресно растројство (PTSD) e исто така честа причина за повторување на кошмарите. Меѓутоа, не сите кошмари имаат трауматска природа. Секојдневните стресови, како што се работата, финансиите, или поголеми животни чекори како на пример разводот, исто така може да предизвикаат кошмари.

2. Зачинета храна
Храната која ја консумираме, исто така, може да влијае врз нашиот ноќен одмор. Направени се истражувања на мажи кои јаделе зачинета храна пред спиење и испитуван е квалитетот на нивниот сон, во споредба со оние мажи кои јаделе незачинети оброци. Оние мажи кои јаделе зачинета храна, поголемиот дел од ноќта го поминале будни, а потоа сонот не им бил спокоен. Објаснувањето за ова е дека зачинетата храна ја зголемува телесната температура и на тој начин го нарушува спиењето. Исто така, и јадењето непосредно пред спиење може да предизвика неквалитетен сон, бидејќи активирањето на метаболизмот и активноста на мозокот, предизвикуваат лоши соништа и кошмари.

3. Храна која содржи маснотии
Иако се далеку од конечни, некои истражувања покажуваат дека консумирањето масна храна во текот на денот може да влијае врз сонот во текот на ноќта. Една мала студија објавена во Психолошки извештај, покажува дека постои разлика во квалитетот на оснот кај луѓето кои консумираат огранска храна и луѓето кои консумираат масна храна.

4. Алкохол
Иако алкохолот е депресант кој помага да се заспие за многу кратко време, прекумерното консумирање алкохол може да доведе до лош сон и кошмари, како и да предизвика предвремено будење.

5. Лекови
Некои лекови, вклучувјќи ги антидепресивите и наркотиците, може да предизвикаат кошмар како несакано дејство. Студија објавена во списанието Pyschopharmacology, покажува дека кетамин (лек кој се користи во анестезија) резултира со непријатен сон.

6. Болести
Болестите кои вклучуваат треска, како што е грипот, многу често предизвикуваат кошмари. Болестите кои вклучуваат застој во дишењето, исто така покажуваат поголем број лоши осништа и ноќни мори.

Иако лошите соништа и ноќните мори се сметаат за нормални, секојдневни реакции, IASD препорачува консултација со психијатар доколку е зголемен нивниот интензитет и сериозност. Обидете се да ги елиминирате овие 6 фактори, за да успеете барем делумно да се одбраните од лошите соништа.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *