Top
bebe-kapenje-iLike-mk

Корисни совети за удобно капење на новороденче

Капењето на новороденчето претставува сосема ново искуство за вас, особено доколку станува збор за прво дете. Со сигурност голем дел од вас стравуваат од овој чин и се под стрес. Дали капењето ќе се одвива во најдобар ред и како малото бебе ќе реагира.

Во продолжение ви нудиме неколку совети за капење на вашите бебе:

  • Никогаш не го оставајте детето во бањата без надзор
  • Не го бањајте вашето бебе кога забележувате дека е изморено
  • Температурата на водата треба да се движи помеѓу 36°C и 38°C
  • Избегнувајте промаја и по можност затоплете ја просторијата до 26°C
  • Однапред подгответе сè што ви е потребно и поставете го на дофат на рака
  • Подгответе мек и памучен пешкир на кој ќе го поставите вашето бебе после капењето
  • Прво започнете да го миете бебето на најсензитивните места, а потоа продолжете на другите делови од телото
  • Никогаш да не ги притискајте ушите на бебето додека ги чистите. Потребно е само нежно бришење на ушната школка
  • Практикувајте да го миете половиот орган кај женските бебиња од напред кон назад. Не се обидувајте да ја повлекувате кожичката назад со цел да го исчистите половиот орган на машките бебиња. Ова ќе се случи по природен пат во текот на првите години. Ако вашето синче е неодамна обрежано избегнувајте капење додека не заздрави раната
  • По капењето практикувајте куса и нежна масажа
  • Нанесете ги лосионите и пудричките брзо со цел да не му застуди на бебето



Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>