Среќата е во малите нешта и тоа во оние кои се бесплатни. Често забораваме на тоа, стануваме премногу зафатени за да застанеме и да земеме воздух со полни гради. Понекогаш само треба да погледнете околу себе и ќе се почувствувате убаво.
• Мирисот и вкусот на утринското кафе.
• Кога ќе ги соблечеш неудобните чевли.
• Кога ќе се истушираш со идеална температура на вода.
• Првото залче од омиленото јадење.
• Мирисот на нова книга.
• Ноќно шетање по плажа на топол песок.
• Бакнеж со љубениот/ата.
• Допирот на крзненото милениче.
• Искрена пријателска прегратка.
• Пеперутки во стомакот.
• Кога ќе си поминеш со прсти низ тазе исфенираната коса.
• Кога вагата покажува некој килограм минус.
• Тркалање по снег.
• Бакнеж во мек бебешки образ.
• Заспивање во сигурни прегратки.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!