Top
Nega

Кои се најчестите стравови на мажите?

Стравот и емоциите ги имаат и мажите, но се срамат да зборуваат за нив, бидејќи општеството така ги научило.

Физички изглед
Често се вели дека жените се оние кои се опседнати со физичкиот изглед и кои внимаваат на секој детал, но и на мажите исто така им е важно да изгледаат добро. Токму поради тоа често посетуваат теретани и фитнес центри.

Финансии
Со оглед на тоа дека во општеството важи правилото дека мажот треба да биде столбот на семејството, секој одговрен маж би требало да се грижи за финансиската состојба, па дури и ако нема семејство.

Висина
Уште една предрасуда која ја наметнува околината е висината. Иако денес на повеќето жени не им е потребен херој којшто ќе ги брани од злите духови, околината смета дека мажот треба да биде повисок од својата партнерка.

Опаѓање на косата и седи влакна
Опаѓањето на косата е еден од најголемите стравови на мажите. Многу мажи имаат проблеми со косата и стравуваат дека ќе останат премногу рано без неа.

Недостаток на искуство во врските
Често се прикажуваат како “мачо” фигури, па токму поради тоа се плашат дека ќе згрешат во врска со жените, особено ако немаат искуство. Несигурност, страв од зборување или правењето на погрешни работи, ќе го мачи секој маж кој ќе се најде во друштво на жената која му се допаѓа.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>