Top

Како да станете подобра личност?

Единствената личност што можеме да ја смениме сме ние самите, иако често се случува тоа да го мислиме за останатите. Треба да поработите на следните работи за да станете подобра личност, а кога ќе работите на себе, другите сигурно ќе ве ценат и почитуваат многу повеќе.

Научете како да не го осудите туѓото мислење
Побарајте мислње од лицето со кое зборувате за нешто, но ако не ви се допаѓа тоа мислење, немојте веднаш да го осудувате. Едноставно прифатете го и одлучете дали да го примените.

Намалете го своето его
Никој не ги сака луѓето кои мислат дека се секогаш во право, не ги слушаат мислењата на другите и летаат таму каде што не се. Опуштете се, размислете добро и оставете ги другите да го изразат своето мислење. Заборавете на лошата навика да влезете во збор и да ги поправите.

Научете да слушате
Ова не мора да значи дека треба да молчите. Ова значи само слушање на она што другите го имаат да кажат. Покажете им на луѓето дека умеете да сослушате и да разговарате.

Поработете на невербалната комуникација
Јазикот на телото ја завршува половина од работата. Насмевнувајте се, не спојувајте ги дланките, не гледајте од високо и гледајте право во очи додека разговарате.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *