Top
mravki

Како да се ослободите од мравките во домот?

Пролетта е период кога се собираат мравки во нашите домови. Еве како да се ослободите од нив.

Темелно исчистете ги сите простории во куќата
Најпрво направете темелно чистење на сите површини на кои се собираат мравки. Најдобро е тоа да го направите со вообичаено средство за чистење и вода. Не заборавајте дека полиците и аглите се мамка за мравките.

Алкохолен оцет
Најпознато природно средство за интервенција е алкохолниот оцет. Користете распрскувач и внатре ставете еднаква количина оцет и вода. Попрскајте ги критичните места. Работните површини поминете ги со крпа натопена во мешавина оцет и вода, па потоа оставете да изветрее.

Цимет во прав
На оние места каде се движат мравките ставете цимет во прав и за неколку часа би требало да ја напушат куќата. Тие не поднесуваат интензивен мирис на цимет.

Сол за готвење
Неколку лажици сол за готвење помешајте ги со врела вода и кога ќе се излади ставете ја во распрскувач. Местата каде се собираат мравките, особено влезната врата и прозорците попрскајте ги и оставете да се исуши.

Креда и детска пудра
Иситнете парче креда и попрскајте по пукнатините и ивиците на ѕидот. Исто можете да направите и со помош на детска пудра која на идентичен начин делотворно ги брка мравките.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>